За илјадници луѓе ширум светот Black Friday е денот во кој настапува хистеријата да си ги купат поевтино саканите стоки.f07d9022600ee814f6630332be303159

Барателите на профитабилни зделки сепак треба да бидат претпазливи. Покрај стоки на примамливи цени, демнат и здравствени проблеми како настинка и кашлица.Експертите предупредуваат дека освен со кутија со телевизор, можете да си одите и со вирусна болест, пишува  “Дејли стар”.

Професорот Венди Баркли, вирусолог од лондонскиот Кралски колеџ, потсетува дека во ладно време и при слаба сончева светлина вирусите преживуваат и се шират поуспешно. “На денешниот ден луѓето освен тоа се групирани и заедно по продавниците.

Близината во толпата ја зголемува веројатноста од преносот на вируси преку вдишување или заразени секрети “, вели професор Баркли.

На Островот очекуваат Британците да потрошат денес импресивни 2,3 милијарди фунти онлајн и во продавници, со 32 проценти повеќе во однос на минатогодишниот Black Friday. Во просек за девет часа “пазарско беснило” ќе бидат потрошени 251 милиони фунти на час, 4,2 милиони фунти на минута или 70 000 фунти на секунда.

Слични содржини