Блиску се до Лигата на шампионите, со минус 119,6 милиони фунти на сметка

од Vladimir Zorba

Астон Вила потврди загуба од 119,6 милиони фунти на крајот на годината, и покрај сезоната во која се вратија во Европа по децении. Загубите може да создадат проблем за идните трансфери поради построгите финансиски правила на Премиер лигата.

Регулативите за профит и одржливост (PSR) им дозволуваат на тимовите да се во загуба максимум 105 милиони фунти во период од три години, иако инвестициите во инфраструктурата, академиите, добротворните цели и женскиот фудбал може да се одземат, со цел тимовите да бидат во склад со правилата на PSR.

„Овие бројки се во согласност со стратешкиот бизнис план и продолжуваме да работиме во согласност со правилата за профит и одржливост на Премиер лигата. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочниот и одржлив развој на клубот и со нетрпение очекуваме да продолжи напредокот“, се вели во соопштението на клубот.

Астон Вила моментално е блиску до пласман во Лигата на шампионите следната година, бидејќи е на четвртото место во Премиер лигата.

На Евертон му беа одземени 10 бода поради прекршување на правилата во Премиер лигата во ноември, што беше намалено на шест бода минатата недела по жалба.

Манчестер Сити, пак, се соочува со обвиненија за повеќе од 100 наводно прекршување на финансиските правила.

Слични содржини