Блокирана сообраќајницата пред зградата на српскиот Парламент поради протест

од desk4

Блокирана сообраќајницата пред зградата на српскиот Парламент поради протестот „Србија против насилството“ во пресрет на новиот протестен собир организиран од проевропската опозиција, јави Бета.

Според претходните најави на организаторите, собирот ќе биде без говорници и ќе заврши со блокада на мостот Газела, а ќе бидат прочитани и истите барања како оние изнесени на протестот на 8 мај.

Протестот организиран од Демократската партија, Народната партија, Зелениот левичарски фронт/Не го давиме Белград, Заедно и Партијата за слобода и правда/Движење на слободни граѓани/Синдикат Слога/Движење за пресврт, како што претходно изјавија тие партии, не е партиски.

Најавено е дека и вечерашниот протест како и претходниот ќе помине без говори и партиски симболи, а со „најголема почит и сочувство со болката поради невидените трагедии“, две масовни убиства во Србија во кои загинаа 17 и повеќе од 20 беа ранети.

Меѓу барањата изнесени на протестот на 8 мај се разрешување на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, директорот на БИА Александар Вулин, одземање на националните фреквенции од телевизиите што промовираат насилство, укинување на емисии што промовираат насилство и закажување седница на Собранието на Србија на тема безбедност.

Слични содржини