Богоевски: Ако Апасиев продолжи со агресија и повикување на насилство, тоа да го прави преку својата фашистичка партија

од Vladimir Zorba

„Сакајќи да ги оправда повиците за висење и бесење на Филипче, апасиев од говорница се повика на Шарена Револуција, дека наводно и таму сме повикувале некој да виси или да биде обесен. Не е точно дека сме користеле такви слогани на Шарена“, реагира поранешниот пратеник Павле Богоевси.

„Напротив, еден од трите принципи беше дека борбата мора да биде НЕНАСИЛНА. Најголемите внетрешни битки со крилото на димче беа за токму тоа дека и една капка крв подарена на режимот е премногу.

Тој не го делеше тој став. Можеби бидејќи неговата крв никогаш и не беше доведена во прашање.

Така да, димче – ако сакаш да продолжиш да се бавиш со агресија и повикување на насилство, тоа можеш да си го правиш преку твојата фашистичка партија – не и преку искривување на значењето на Шарена Револуција. Лажго еден“, додава Богоевски.

Слични содржини