Богоевски: Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема пари додека е во затвор

од desk2

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски се огласи на својот профил на „Фејсбук“ откако не се собра двотретинско мнозинство за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, со што тој и понатаму ќе остане пратеник.

„Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор.
Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа.
Борбата продолжува!“, напиша Богоевски.

Слични содржини