Богоевски се стави во самоизолација, бил на службен пат во Германија

од Берта Китинска

Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник Павле Богоевски .

Тој напиша дека кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапиле на сила, бил на службен пат во Германија (земја од среден ризик).

Наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми. Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.Второ, сакам да укажам на можен проблем со имплементацијата на мерките. Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знаеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири.Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација. Така, неколкуте разменети зборови нема да ве изложат многу повеќе од што и без тоа сте изложени. Испратете им порака на сите пријатели за кои знаете дека патот може да ги носи натаму.Најважно од сѐ: Без паника! Што сѐ не поминавме, па за една корона ли…, напиша Богоевски.

Слични содржини