Бразил: Стотици приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградата на Конгресот, полицијата употреби солзавец

од Vladimir Zorba

Стотици приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска упаднаа во зградата на Конгресот во главниот град Бразилија, при што се судрија со полицијата.

Демонстрантите се обидоа да влезат во Врховниот суд и во Претседателската палата. Претседателот Луис Инасио Лула да Силва не бил во палатата, пишува Блумберг.

Полицијата употреби солзавец и бибер спреј во обид да ги спречи демонстрантите, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите во жолти и зелени маици нападнаа неколку полициски возила кои ја обезбедуваа зградата, објави ЕФЕ.

Тие ја уништија и заштитната бариера што води до зградата на парламентот.

„Остро ги отфрлам овие антидемократски потези кои итно треба да бидат санкционирани“, напиша на Твитер претседателот на Сенатот Родриго Пачеко.

Слични содржини