Бредли Купер ја однесе својата омилена жена на црвениот тепих, но овој пат таа не му донесе среќа

од Vladimir Zorba

И овој пат Бредли Купер реши на црвениот тепих да ја однесе единствената жена која заедно со ќерката Леа де Сеина е единствената константа во неговиот живот – мајка му Глорија Кампано.

Холивудскиот заводник не ја криеше гордоста кога застана на црвениот тепих на 81. доделување на наградите Златен глобус, што се одржа вчера во хотелот „Беверли Хилтон“ на Беверли Хилс, пред насобраните фотографи во друштво на можеби најважната жена во неговиот живот – неговата мајка, Глорија Кампано.

49-годишниот Бредли Купер изгледаше елегантно во црн смокинг, под кој ѕиркаше бела кошула, а неговата коса беше уредно скратена.

Неговата мајка одлично го вклопи холивудскиот гламур со кратка црна јакна, под која се наоѓаше црн фустан со детал од тантела, но она што на прв поглед паѓа во очи се сините наочари кои не ги тргна од лицето.

И покрај се, мајката на Купер овојпат не му донесе среќа, бидејќи режисерот и главниот актер на „Маестро“ не ја однесоа дома толку посакуваната награда. Бредли Купер беше номиниран за најдобар актер во категоријата драма, како и за најдобар режисер, а во двете категории загуби од „Опенхајмер“, со Килијан Марфи и режисерот Кристофер Нолан.

Иако веќе шест пати беше номиниран за Златен глобус, тој никогаш не го освоил.

Слични содржини