Бредли Купер призна дека консумирал алкохол и дрога: „Трезен сум 19 години“

од Stefanija Kuzmanovska

Бредли Купер е еден од најнаградуваните холивудски актери.

Тој беше гостин во Running Wild With Bear Grylls: The Challenge, каде што рече дека „не се изгубил во славата“. Водителот го праша: „Но, дефинитивно имавте некои диви години?“.

„Што се однесува до алкохолот и дрогата, да, но тоа нема никаква врска со славата. Но, имав среќа. Се отрезнив на 29 години и сега сум трезен веќе 19 години. Многу сум среќен“, изјави Бредли.

Актерот признал и дека во претходните години бил зависник од кокаин, кој за малку ќе му ја уништил кариерата.

Имал среќа што се борел со зависноста кога бил релативно млад и штотуку започнал да ја гради актерската кариера.

Бредли ја има шестгодишната ќерка Леа од врската со манекенката Ирина Шајк.

„Учиш од туѓите грешки. Направив еден тон грешки и се надевам дека Леа ќе научи нешто од нив… На крајот бев строг кон себе за да ја сочувам од сите мои ср**а“, рекол Бредли.

Слични содржини