Британка го обвини Тејт за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив“

од Stefanija Kuzmanovska

Британка го обвини контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за силување и закани. Таа тврди дека пред девет години Тејт ја гушел за време на секс додека не изгубила свест. Жената тврдела дека Тејт продолжил да има секс и покрај тоа што таа била во несвест, пишува Би-Би-Си.

Жената, која во тоа време имала 20 години, вели дека првпат го запознала Тејт на социјалните мрежи во август 2014 година. Рекла дека се согласила да има секс со инфлуенсерот, но дека чинот брзо преминал во насилство.

Тејт ги негира обвинувањата, а неговиот портпарол рече дека Тејт не одобрува насилство од каков било вид врз жените и дека сите сексуални дејствија во кои тој учествувал биле консензуални.

„Ми ја стави раката на врат и ме гушеше“
Британката за Би-Би-Си изјавила дека го запознала Тејт во бар во Лутон во 2014 година кога таа била студентка, а тој вратар во ноќен клуб. Таа вели дека имала секс со Тејт и еднаш пред инцидентот.

„Ми ја стави раката на вратот и ме гушеше. На почетокот ми беше малку збунувачки, а кога си дојдов при себе видов дека Тејт се уште има секс со мене“, рекла Британката и додала дека Тејт се заканувал дека ќе убие се додека следното утро не го напуштил нејзиниот стан.

„Постојано велеше: ‘Јас те поседувам, ти ми припаѓаш мене’. Цела ноќ беше прилично агресивен и кажуваше ужасни работи. Следниот ден белката на едното око ми беше целосно црвена“, рекла 30-годишната жена.

„Во тоа време не го гледав тоа како силување“

Тогаш таа не го пријавила инцидентот во полиција. На прашањето на Би-Би-Си зошто веднаш не отишла во полиција и не го пријавила силувањето, таа одговорила дека тогаш не знаела дека била жртва на кривично дело.

„Знаев дека се случи нешто со што не се согласувам. Но, не го гледав тоа како силување или сексуален напад, бидејќи тоа беше пред околу 10 години“, рече таа.

Таа рече дека ќе го тужи Тејт.

Слични содржини