Британски научници: Новиот вид може да биде значително посмртоносен од обичниот вирус

од Stefanija Kuzmanovska

Научниците кои ја советуваат британската влада во одговорот на пандемијата велат дека новиот вид на вирусот, откриен во Велика Британија, е многу веројатно посмртоносен од оригиналниот, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Научниците објавија нови резултати од неколку студии во петокот и проценуваат дека новиот вид, попознат како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 отсто посмртоносен од оригиналниот вирус.

Претходно беше откриено дека новиот вид се шири побрзо, а премиерот Борис Џонсон на почетокот на овој месец објави дека „тоа исто така може да биде поврзано со зголемување на смртноста“.

„Бизнис Инсајдер“ пишува дека публикацијата на научниците сега ја потврдува оваа теза, но тие нагласуваат дека потребни се неколку подетални студии за да се донесе конечен заклучок во врска со новиот вид и смртноста.

Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави.

Слични содржини