Бучковски за БНР: Можеме самите да најдеме решение за нашата заедничка иднина

од Nikola Popovski

„Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот за соседство со Бугарија“, изјавил поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „БНР“.

Тој посочува дека тимовите на министерствата за надворешни работи напорно работат на формулацијата.

„Можеме да покажеме дека без поддршка од никого можеме да го решиме спорот, иако во моментов имаме голема поддршка од Германското претседателство. Сметам дека ние од Западен Балкан, соседи кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина“, изјавил Бучковски за бугарскиот медиум.

Слични содржини