Членките на ЕУ го поддржаа договорот за Брегзит

од desk2

Министерите за европски работи на 27-те членки на Европската унија го одобрија нацрт-договорот за Брегзит.

Тоа по состанокот во Брисел го кажа австрискиот министер Гернот Блимел.

„Првата тешка етапа е завршена. Успеавме да го сочуваме единството“, рече Блимел, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Да потсетиме, минатата едела Европската комисија и Велика Британија постигнаа договор за условите од членот 50 кој се однесува на Спогодбата за повлекување.

Слични содржини