Циклонот Габриел го опустоши северниот дел на Нов Зеланд, најмалку четворица загинати

од Radmila Tasevska

Циклонот Габриел, кој во последните денови го опустоши северниот дел на Нов Зеланд, полека се повлекува, но зад себе остави четворица загинати, меѓу кои и едно дете, како и повеќе од 10.000 раселени лица и голема материјална штета од поплавите.

Многу области, околу 160.000 домаќинства, сè уште се без електрична енергија.

Полицијата добила информации за повеќе од 1.440 исчезнати лица во поплавите, но верува дека повеќето од нив ќе бидат пронајдени, пренесува Гардијан.

Слични содржини