Д-р Лазаров: Зошто македонските лекари да не се вакцинираат во Србија?

од Nikola Popovski

Д-р. Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ денес преку социјалните мрежи го праша министерот за здравство, Венко Филипче зошто нашата земја ја одбила понудата од српската премиерка, Ана Брнабиќ, здравствените работници од земјава да се вакцинираат во Србија.

„Со кое право министерот рече не благодарам на Србија за понудата за вакцини за македонските здравствени работиници? Ќе си одевме најкултурно ќе се вакциниравме за да може да работиме. Не се вакцинирај ако не сакаш, немој мене тоа право да ми го ускратуваш, пошто 2022 да се вакцинирам не планирам“, стои во Фејсбук статусот на лекарот.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8 000 дози.

Брнабиќ изрази уверување дека вакцината од ЕУ ќе дојде не само во Србија, туку и на целиот Балкан, потсетувајќи колку е тешка ситуацијата за борбата за вакцините.

„Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука“, рече Брнабиќ.

Слични содржини