Д-р Петличковски: Би било добро да се тестираат сите ученици, добро е да се вакцинираат и помладите

од Nikola Popovski

Би било добро да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто, вели директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во дневникот на ТВ Сител.

Според него, со скринингот во училиштата ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи и какво реално е ширењето.

-Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8000 од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе бидиме некаков увид и основа, вели Петличковски, додавајќи дека добро е да се вакцинираат и помладите.

Тој истакна и дека мешањето на вакцините е безбедно за граѓаните.

Слични содржини