Дачиќ му пееше на Коѕијас на грчки и на српски(Видео)

од desk2

 

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа на свечената вечера во чест на својот грчки колега, Никос Коѕијас, запеа песна на грчки јазик. Коѕијас имал и посебна музичка желба.

Дачиќ го прими Коѕијас во Вила Мир, а на снимката на „Блиц“ може да се слушне дека шефот на српската дипломатија ја пее познатата грчка песна „Ми му тимонис матиа му“.

Коѕијас потоа го замолил Дачиќ да му ја отпее „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот. Српскиот министер му ја исполнил желбата на Коѕијас.

Официјалниот состанок на Дачиќ и Кочијас почна денеска во 10:30 часот.

Слични содржини