Донесувањето на Директивата за авторски права од страна на Европскиот парламент е погрешен чекор и може да значи “смрт на Интернет”. Таквата позиција беше изразена од шведскиот европратеник Фредрик Федли , цитиран од онлајн изданието BREAKIT.

Во средата Европскиот парламент гласаше за оваа директива, која има за цел да го ажурира европскиот закон за авторски права и да го воведе во 21-от век.

Некои носители на права , како оние во музичката индустрија, го поздравуваат прифаќањето на документот.

Но, има реакции во спротивна насока. Критичарите на директивата го гледаат крајот на глобалната мрежа, како што го знаеме. Таканаречениот “данок на врската” и “филтерот за преснимување” (членови 11 и 13) го привлекоа вниманието.

“Ова е навистина лош резултат и може да значи смрт на интернет.” – предупредува Фредрик Федли, шведски европратеник.


“Гласав против предлогот”, вели тој, кратко време откако документот го поддржаа европарламентарците.

По гласањето, при што директивата беше усвоена со 438 гласа “за” и 226 “против” , германскиот политичар Аксел Вос беше особено мирен. Како известувач, тој беше подготвен да одговори на понекогаш острата критика за да ја доведе до крај.

Но шведскиот новинар Емануел Карлсен, кој го поддржа директивата, сподели малку шокантно откровение на подоцнежното брифинг.

Тој разговарла со Фос за текстовите во Директивата за авторски права кои останале незабележани. Тие се однесуваат на снимањето на главните спортски настани кога видеото се гледа од повеќе корисници во социјалните медиуми.

“Накратко, излегува дека човек не може дури да сними натпреварување во фудбал или коњски трки”, коментира Емануел Карлсен.

Вос забележува дека овој текст за спортски настани случајно доаѓа во директивата без да биде забележан.

Според него, ова е неуспех на комисијата да го подготви документот. “Некој го сменил и никој не забележал”.

Тој е убеден дека текстот нема да остане долго на тој начин, и со такви препораки и огранучувања.