Даниел Крег, познат по неговата улога на Агентот 007, е многу добар готвач. Тоа го сподели неговата сопруга Рејчел Вајз.daniel-craig1

“Многу сакам да готвам. Даниел исто така е многу добар во тоа”, рече актерката за британскиот весник “Дејли мирор”. Двајцата се во брак од 2011 година, кога се венчаа по бурна шестмесечна врска.

Во интервјуто за весникот Вајз сподели уште дека двајцата многу би сакале повторно да живеат во Англија и земјата многу им недостасува додека се во Њујорк.

Во моментов Крег ги продолжува снимањата за последниот филм за авантурите на Џејмс Бонд, кој се очекува да излезе на големиот екран оваа година.

Слични содржини