Децата на руските милијардери ги очекува наследство од 227 милијарди евра

од Stefanija Kuzmanovska

Магазинот „Форбс“ објави листа на најбогатите деца на 20 руски милијардери, на која синот на основачот на „Лукоил“, Вагит Алекперов го зазема првото место, со богатство од 19 милијарди евра.

На листата на „Форбс“ се најдоа 49 потомци на руски богаташи чие наследство не е помало од 2,34 милијарди евра, пренесува РИА Новости.

„Нашата листа вклучува 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник. Овие семејства имаат 49 деца, а вкупната нето вредност на нивните родители е 227,3 милијарди евра“, наведува „Форбс“.

Слични содржини