Денеска е Младенци – празникот на младите брачни парови: Трпезата мора да е посна

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска се празнува споменот на четириесетте севастијски маченици. Сите тие биле млади луѓе, војници на римскиот император Лициниј. Кога христијаните повторно биле прогонувани, четириесет од нив не сакале да се одречат од Христа.

Била издадена наредба тие да бидат каменувани, но камењата се вратиле и ги погодиле оние кои ги фрлале. Римскиот војвода од гнев наредил да бидат погубени во 320 година.

Празникот се слави и во домовите на младите брачни парови, бидејќи жртви биле млади мажи, па тој ден е поврзан со вековниот обичај за дарување на млади брачни парови, венчани во изминатата година.

Гостите им носат подароци на младенците кои треба да им го олеснат секојдневието на новите сопружници.

Најзачуван обичај е правењето свечени колачиња – младенчиња, од кои треба да има 40, а невестата им ги подарува на гостите.

Младенци секогаш паѓаат за време на постот. Затоа, секоја трпеза што се подготвува на овој ден мора да е посна, заради здравјето и напредокот на децата и младите сопружници.

Слични содржини