Денеска ќе се знае новата цена на парното

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец.

„Цената на парното ќе биде позната во вторник. Ќе нема ценовни шокови. Знаете дека имаме инфлација, сите давачки на компаниите се зголемени. Не верувам дека ќе има поголемо зголемување од 5%“. Тоа би значело плус некои 50-60 денари за просечен стан“, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во ТВ гостување.

Нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно.

Тој потенцира дека новата цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас.

Од РКЕ велат дека снабдувачот е должен од 06:00 до 22:00 часот да обезбеди топлина од 20+1 степен Целзиусов.

Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на ЕСМ, поранешно БЕГ, додека најмалку на топланата Скопје-Север.

Слични содржини