Денеска во Скопје симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес

од Nikola Popovski

Црвениот крст денеска во Скопје одржува симулациска вежба по прва помош во итна ситуација – земјотрес. Вежбата за управување со последици е насловена „Хуманитарен одговор 2023“.

Се организира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот.

Поради тоа Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини