Детална листа на симптоми: Се појави нов, необичен показател на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Најновото истражување на Канцеларијата за национална статистика, врз основа на повеќе од 27.000 испитаници, дошло до заклучок дека новиот вид корона познат како JN.1, кој е потомок на омиркон, дава и нови необични симптоми.

Некогаш главните показатели за корона – губењето на мирис и вкус повеќе не се единствените симптоми на овој злобен вирус. Нов сој познат како JN.1, („потомок“ на сојот омикрон) се шири во Велика Британија и наместо стандардните симптоми, почнуваат да се појавуваат нови необични симптоми кои укажуваат дека сте заразени со овој вирус.

Последното истражување на Канцеларијата за национална статистика, врз основа на примероци од повеќе од 27.000 луѓе, земени помеѓу 7 и 13 декември, покажа дека губењето на мирисот или вкусот било пријавено од само 3 отсто, односно 2 отсто од испитаниците.

Кашлицата останува најчест симптом (речиси 23 отсто), при што течење на носот или кивање се најчестиот симптом (31 отсто), но поединците исто така пријавиле главоболки (20 отсто), слабост или замор (речиси 20 отсто), болки во мускулите (скоро 16 отсто) и болки во грлото (13 отсто).

Покрај тоа, најзачудувачките симптоми што се појавија беа проблеми со спиењето и загриженоста или анксиозноста – и двете пријавени од околу 10 отсто од испитаниците.

Најновите бројки од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) ја проценуваат проценетата преваленца на коронавирус во Англија и Шкотска на 4,2 отсто заклучно со 13 декември – што значи дека околу 1 од 24 луѓе може да бидат позитивни на ковид во овој момент.

Слични содржини