Децата да продолжат со настава, ќе бараме решение со синдикатот, вели Ковачевски

од Nikola Popovski

Имаме многу јасен закон во однос на организирање на штрајк во сите делови. Училиштата, МОН, Општините кога се работи за основно образование треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат образование, особено што излеговме од период на пандемија скоро по 2 години каде што децата мораа да седат дома. Ова го изјави премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање за најавениот штрајк на вработените во училиштата и градинките.

„Јас знам дека на никого не му беше лесно, но јас се надевам дека во наредниот период ќе изнајдеме решение и дека децата прво ќе останат во училиштата, дека треба да продолжи наставата, а со синдикатот ќе се изнајде решение, бидејќи и со штрајк и без штрајк на крајот мора да има социјален дијалог којшто социјален дијалог ќе заврши со договор помеѓу синдикатот и во овој случај Владата”, рече премиерот Ковачевски.

Слични содржини