Децата над 14 години задолжително да носат маски, следуваат казни

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјави дека ако возрасните носат маски, малите деца ќе бидат целосно заштитени.

„Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат кон мерките исто како и возрасните. А најмалите во затворени простории некаква форма на прекривка, исто така и кога е навистина голема група надвор во која не може да се одржи дистанцата. Сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој исто така рече дека ќе побара од Владата да наложи казнувањето на граѓаните кои не носат заштитна опрема како што е наложено, да почне веднаш, односно од утре или најдоцна во вторник.

Слични содржини