Директорката за безбедност на Твитер поднесе оставка

од Vladimir Zorba

Ела Ирвин, директорката за доверба и безбедност на Твитер, поднесе оставка од функцијата.

Како што пренесува Ројтерс, се чини дека нејзината внатрешна сметка на платформата „Слек“ за тимска комуникација била затворена уште порано.

Ирвин се приклучи на Твитер во јуни 2022 година, а во ноември ја презеде функцијата директор за доверба и безбедност откако нејзиниот претходник Џоел Рот поднесе оставка од функцијата.

Слични содржини