Директорот на ГТЦ: Нема крадење на струја во нашите простории

од Nikola Popovski

Нема крадење струја во нашите објекти, вели директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајевски во емисијата „Утрински брифинг“, запрашан на темата дали во просториите на ГТЦ се краде струја за копање биткоини.

-Немаме никаков зголемен трошок на струја во овие магацински простории, јавно демантира Трајчевски.

Според него, во сопственост на ГТЦ се 500 локали, дел во сопственот на ГТЦ, дел приватни.

-Ако појдеме во делот на акциите, 97% се држани, 3% се правни физички лица. Просториите се легално изнајмени согласно процедура и јавен оглас. Се плаќаат сите трошоци. Немаме право да влеземе во просториите. Постојат три начини на мерење на потрошувачка на електрична енергија: директно, полуиндиректно и индиректно. Во 85% од просториите од ГТЦ се мери како во стан, директно, а во останатие се мери полудиректно, информира Трајчевски.

Слични содржини