Директорот на СЗО: Втора недела по ред гледаме пад на бројот на заразени и мртви

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на нови ковид 19 случаи и починати опаѓа втора недела по ред, меѓутоа прерано е да се зборува за крај на пандемијата, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус, на брифинг во Женева.

„Втора недела по ред гледаме пад на бројот на заразени и мртви. Но, во исто време, ситуацијата во многу земји е сè уште многу загрижувачка. Пандемијата на ковид-19 е далеку од завршена“, рече директорот на СЗО, објави ТАСС.

Слични содржини