До 70 отсто од населението се очекува да прими вакцина против Ковид 19 во 2021.година

од Vladimir Zorba

До 70 отсто од населението во земјата се очекува да прими вакцина против ковид 19 во текот на следната година. Здравствените власти известуваат дека набавиле доволно дози од овој вид вакцини колку што е потребно за да се постигне колективен имунитет од вирусот. Министерството за здравство потенцира дека вакцината е безбедна и дека граѓаните не треба да станат жртви на дезинформации.

„Вакцините се развиени во согласност со безбедносните протоколи и процедури што компаниите за вакцини ги користат со години. Нема место за сомнеж. Благодарение на вакцините, многу болести како што се заушки, детската паралиаза и сипаници се искоренети низ целиот свет.“, велат оттаму.

Но, првите дози на вакцината против ковид 19 се очекува да пристигнат во март 2021 година. Минатата недела Владата плати над 800 илјади дози, кои ќе бидат обезбедени преку методот Ковакс. Фрижидерите од – 70° C ќе пристигнат во јануари како донација од американска фондација. Вклучени ќе бидат и приватните оператори кои дистрибуираат вакцини во земјава, велат од Комитетот за имунизација.

„За спроведување на антиковидна вакцинација ќе се користат постојните центри на здравствените домови каде што се практикуваат вакцини против сезонски грип, како и градските болници. Приоритет ќе имаат медицинскиот персонал, ранливите здравствени категории, старите лица и децата “, споделија од МЗ.

Слични содржини