Др.Косотв: Во ГОБ „8 Септември“ не е донесен ниту еден пациент од Тетово

од Берта Китинска

Диртекторот на ГОБ „8 Септември“ д-р Христијан Костов, вели дека заклучно со утрово во болницата нема  пристигнато ниту еден пациент од ковид – центарот од Тетово по вчерашната трагедија каде во пожар изгоре скоро целиот објект.

-Медицинскиот кадар целосно подготвен чекаше да прими пациенти од Тетово, но оттаму не пристигна ниту еден заклучно со утрово, изјави за „Локално“, др.Костов.

Во текот на вчерашниот ден Костов изјави дека во болницата се подготвени веднаш да примат 10 пациенти и има дежурна лекарска екипа

– Пациентите кои ќе дојдат се очекува да имаат и други повреди, освен што се позитивни од ковид. Доколку се појави потреба да се донесат повеќе пациенти, можат да отворат уште еден оддел од 25 кревети, кажа Костов.

Според информациите на Основното јавно обвинителство издадена е наредба за обдукција и идентификување на 14 лица починати во пожарот.

-Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан, соопштија од ОЈО.

Слични содржини