Др.Петличковски: Се надеваме дека новиот ковид-бран кој е во зачеток, ќе биде како обична настинка

од Берта Китинска

Се надеваме дека новиот ковид-бран кој е во зачеток во Европа и кај нас, ќе биде налик на обична настинка и наскоро ќе престанеме да мислиме на тестирањата, изолации и слично, вели проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика кој и е претседател на Комисијата за заразни болести во емисијата Магазин на Сител.

Тој вели дека во моментов има само 8 пациенти хоспитализирани со ковид.

-Наша обврска е сега кога малку бројките растат е да го опоменеме населението дека пандемијата не е завршена и дека просто треба да мислиме на висрусот со цел да излеземе и од овој бран со мали последици. Иако бројот расте нема простро за паника, кажа Петличковски.

Слични содржини