Драма на норвешкиот брег, снимена руска нуклеарна подморница: „Ова не сме го виделе од Студената војна“

од Vladimir Zorba

Руска нуклеарна подморница попозната како „ајкула“ е забележана во близина на брегот на Норвешка, откако ја следел „ловец на подморници“, поморски патролен авион Посејдон П-8, пишува Дејли Мејл.

Сидарт Каушал, од Кралскиот институт за oбединети услуги, за британскиот таблоид потврдил дека тоа е токму таа подморница.

„Во неделата вечерта го видовме британски Посејдон П-8. Во понеделникот ги видовме сите бродови на НАТО и една подморница на површината. Можевме да го слушнеме разговорот на радиото меѓу бродовите и авионите и дефинитивно имаше британски акценти. изјавил инженерот кој ja снимил подморницата. Тој моментално работи во Норвешка на енергетски проект.

Ова е само еден од низата инциденти во изминатите неколку месеци. Имено, по влошувањето на односите меѓу Западот и Кремљ поради руската инвазија на Украина, на тој простор е забележано нагло зголемување на „подводните патроли“.

„Тоа е игра на мачка и глушец меѓу патролите на подморниците и земјите низ кои минуваат“, рече Каушал, кој верува дека подморницата видена од норвешкиот брег можеби е дел од руската северна флота која се враќа од парадата за Денот на морнарицата во Санкт Петербург, одржана на 31 јули.

НАТО не е задоволен од ваквите руски „патроли“. Се вели дека активноста на руските подморници е на нивоа што не биле забележани од Студената војна.

Сличен инцидент се случи и во јули, кога воен брод на британската кралска морнарица го следеше движењето на две руски подморници во областа. И тогаш Посејдон П-8 учествуваше во следењето. Тој е еден од поморските патролни авиони со долг дострел.

Меѓу другите, во мониторингот учествуваа и Посејдон П-8, еден од новите поморски патролни авиони со долг дострел, како и специјализираниот хеликоптер Merlin.

Потоа, меѓу 16 и 19 јули, тие следеа две руски нуклеарни подморници за напад „Северодвинск“ и „Вепр“. Тие се движеле на југ по норвешкиот брег.

Од Министерството за одбрана не сакаа да го коментираат последниот инцидент.
„Вооружените сили на Велика Британија и нивните сојузници редовно ги надгледуваат бродовите додека минуваат низ меѓународните води“, рекоа накратко.

Слични содржини