Двајца пијани скопјани се тепале за време на полициски час

од Берта Китинска

Вчера во 18.50 часот во полицијата било пријавено дека на улицата „23 Октомври“ во Скопје, за време на забраната за движење, поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В.(30) и З.Н.(54).

Полициски час

Како што јави МВР, станува збор за двајца скопјани кои за време на настанот биле во алкохолизирана состојба.

По документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Слични содржини