Една чаша црвено вино на ден помага при зачнување

од Vladimir Zorba

Чаша црвено вино може да помогне при зачнување, сметаат научниците од Калифорнискиот универзитет.

image_5822182_126

Новото истражување покажува дека една од состојките во алкохолните пијалоци е исклучително корисна за жени со репродуктивни проблеми.

Ресвератролот, природна состојка во виното, обезбедува заштита против чест хормонален проблем.

Состојката се среќава во грозјето и малите безкостливи овошја, што помага за регулирање на хормоналниот баланс кај жените со поликистозни јајници – вродена болест која спречува забременување и го оштетува женскиот репродуктивен систем со времето.

Истражувањето е направено меѓу 30 жени со синдром на поликистозни јајници во текот на три месеци.

Научниците утврдиле дека секојдневната доза на ресвератрол во форма на додатоци го намалува нивото на хормоните. Корисно дејство на ресвератрол е познато со години на научниците.

Една чаша црвено вино на ден помага за регулирање на крвниот притисок и овозможува на кожните клетки да се регенерираат побрзо.

Слични содржини