efimerida.gr (Грција): Организаторите и полицијата се спорат за бројот на демонстрантите од 1,5 милиони до 140.000, но грчкиот народ испрати јасни политички пораки кон елитата

од desk4

Додека организаторите на митингот на плоштадот Синтагма и полицијата спорат за бројот на демонстрантите, кој според нив варира од 1,5 милиони до 140 000, народот на Грција испрати јасни политички пораки кон елитата дека сака да се слушне и неговото мислење во врска со преговорите за името Македонија, пишува во статијата за денешниот протест грчкото електронско издание Iefimerida.gr.

Весникот потсетува дека спорови постоеле и за време на митингот во Солун на 21 јануари 2018 година, кога учесниците според организаторите биле неколку стотина илјади, а според полицијата само 90 000 луѓе и констатира дека сигурно на денешниот ден Атина бил видена собир, кој е непознат по својата големина.

Иефимерида.gr пишува дека многубројните новинари кои го покривале протестот, истакнале дека собирот бил карактеристичен по тоа што покажал највисокиот степен на грчки патриотизам, но и гнев на луѓето, кои денес беа дојдени наСинтагма.

Весникот го цитира мислењето на дописникот на германскиот Der Spiegel, Јоргос Кристидис, кој смета дека Од патриотизмот по темата Македонија има и вистински гнев против политичарите и елитите кои ја продаваат нацијата. Чувствува се многу слични на оние од протестите против мерките за штедење и грчкиот политички систем повторно беше оспорен-овој пат од десната страна

Во поддршка на оваа теза Iefimerida.gr го забележува присуството на протестот на високи претставници на Грчката православна црква и на голем број политичари од различни партии, кои речиси го покриваат целиот политички спектар – од крајната десница до центарот и лево центристичките лидери на Нова демократија , предводени од Андонис Самарас и Адонис Георгиадис лидери на центристите, предводени од Василис Левентис, лидери на десничарите од Златна зора , предводени од Николаос Михалолјакос, левоориентираниот европратеник Ева Кајли и многу други.

Весникот потсетува и на пораката објавена на Твитер, која била објавена од страна на актуелниот министер за надворешни работи Кикос Коциас во која се изразува подготвеноста да се продолжи со чиста совест и одговорност да преговара за доброто на земјата, како и обвинението, поднесено од портпаролот на владата Димитрис Цанакопулос против опозициската Нова Демократија, која според него се обидувала да го искористи протестот за постигнување на политички цели

Слични содржини