Експлозии во две пошти во Холандија, станува збор за писма-бомби? (фото)

од Nikola Popovski

Утрово одекнале силни експлозии во пошти во Амстердам и Керкраде, на југот на Холандија.

Полицијата се сомнева дека во двата случаи станува збор за писмо-бомба.

Според првичните полициски информации, никој не е повреден, пренесува Ројтерс. Првата експлозија се случи во поштата во Амстердам нешто пред 8 часот по локално време, а амбуланта пристигна 10 минути подоцна.

Набргу потоа, истото се случи и во Центарот за сортирање на поштата во Керкраде. Засега не е познато дали двете експлозии се поврзани, објави порталот „nltimes“, повикувајќи се на локалната полиција.

Наводно, стручни лица за експлозивни направи се на лице место. Холандската полиција истражува серија случаи на бомбашки напади со писма од 3 јануари, наводно, испратени од исто лице.

Претходно мета беа бензинските пумпи, хотелите, гаражите, канцелариите на агентите за недвижнини. Сепак, ниту една од овие пратки не експлодирала.

Слични содржини