Експлозија на пруга на Крим: Прекинат сообраќај меѓу два важни града

од Stefanija Kuzmanovska

Железничкиот сообраќај меѓу Симферопол, главниот град на Крим, и пристаништето Севастопол, базата на руската Црноморска флота, утринава е во прекин, изјави проруски функционер од Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Претходно на каналот База Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, беше објавена информација за експлозијата на железничката линија на Крим.

„Се вмешаа непознати лица“

Тој инцидент е „резултат на мешање на непознати лица“, се наведува во соопштението на Кримската железница.

Прорускиот гувернер на Крим, назначен од Москва, на апликацијата Телеграм истакна дека „вагони со жито излетале од шините“ во регионот Симферопол, но не ја откри причината за излетувањето од шините.

Да потсетиме, во последните неколку месеци воената инфраструктура на Крим се повеќе е цел на напади на украинските тајни служби и борци од движењето на отпорот кон руската окупација.

Во средата, Русија го обнови Црноморскиот договор за жито, договор со посредство на Турција кој го олеснува извозот на земјоделски производи од Русија и Украина преку Црното Море.

Слични содржини