Елиминацијата на Лајпциг од ЛШ е одлична вест за Борусија Дортмунд

од Vladimir Zorba

Поразот на Лајпциг од Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите е одлична вест за Борусија Дортмунд. Причината не се воопшто лошите односи меѓу овие два клуба, туку класичниот интерес. Имено, со елиминирањето на „биковите“, Борусија обезбеди пласман на Светското клупско првенство следната година, што ќе донесе посериозни приходи за секој учесник.

„Жолто-црните“ сигурно ќе го минат Лајпциг во рангирањето, што дава право на настап во најновото клупско натпреварување. Тоа ќе се случи дури и ако Борусија Дортмунд оваа сезона заврши зад тимот на Марко Розе во Бундеслигата.

Така, Борусија ќе им се придружи на тимовите како Манчестер Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Интер, Челси, Порто и Бенфика на Светското клупско првенство следната година.

Право на уште три места имаат клубовите од Европа.

Слични содржини