Енергоатом: Руската армија ја нападна нуклеарната централа Јужно-украинска

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската државна компанија за атомска енергија „Енергоатом“ денеска соопшти дека руската армија ја нападнала нуклеарната централа Јужно-украинска во јужниот регион Николаев.

„Енергоатом“ наведува дека реакторите не се оштетени и работат нормално, пренесе „Ројтерс“.

Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, но, како што се додава, оштетени се околните згради на електраната.

Слични содржини