Ердоган ги избрука “Standard & Poors” и најави чистка на „вирусите“ од редовите на вооружените сили

од Vladimir Zorba

Нацијата ни е во состојба сама да си ја  одредува својата судбина и има моќ да се брани  објави турскиот претседател по воведувањето на вонредната состојба

За три месеци вонредна состојба Турција треба да ја  врати демократијата, владеењето на правото, правата и слободите на народот и ние ќе направиме се за да ги ликвидираме  заканите  , изјави претседателот на Турција Реџеп Ердоган по седница на министрите која заврши малку пред полноќ .Пред тоа во претседателската палата Аксарај се одржа вонредната седница на Советот за национална безбедност, траеше 4.30 часа, а по кратка пауза таму се собраа неколку министри, тројца вицепремиери, началникот на Генералштабот и армиски генерали, пренесуваат агенциите .Претседателот  оддржа  долг говор пред новинарите и ги  коментира во детали настаните од 15 јули.

Остриот јазик кон Европа и гаранции за демократијата во Турција со цврстата рака на кабинетот и армијата – тоа беа двата главни акценти во говорот . Тој беше категоричен дека малата група извршила обидот за преврат, и  е под контрола на проповедникот во егзил Фетхуллах Гулен и членува во неговото движење. “Неуспехот на овие луѓе со тенковите и оружјето против народот на 15 јули 2016 година е датумот на новиот почеток. За прв пат во историјата народот се соочи со превратаџиите и се справи со нив, 1 536 невини луѓе настрадаа. Европа нема право да не  критикува и суди “, рече Ердоган.Тој остро  ја прекори агенцијата” Standard & Poors “поради веста дека им  го намали кредитниот рејтинг на земјата. “Зошто се занимавате со нас, Турција не ви е член? Очигледно земате политички одлуки, удобни  само на вас. Воопшто не се занимавајте со нас, ќе видите со каква решителност и стабилноста ќе продолжиме  со инвестициите. Вашата сила не може да се мери со нашите можности за инвестирање. Сите овие изјави не ја одразуваат реалноста на Турција, а ние ќе продолжиме без прекин да ја  реформираме економијата, немаме никакви грижи за берзите и ликвидноста, ја   следиме цврсто фискалната дисциплина “, посочи Ердоган. Тој додаде дека вооружените сили се безусловно подредени на Владата. “Лично јас како избран од народот претседател ќе ги  исчистам вирусите од редовите на вооружените сили и тоа чистење ќе продолжи до целосна гаранција за мирот на луѓето”, вети  Реџеп Ердоган. Тој инсистираше на тоа дека никој од оние кои не смеат гласно да спротивстават  на Европа, немаат право да ја критикуваат Турција. “Категорично немаат право да  ја осудуваат, подобро европските земји да се концентрираат во самите себе,и  ние ги сакаме луѓето,  а доволно е да не се фрла сенка врз нас, истакна тој.

Тој во интервју за каналот Ал Џазира нагласи дека само малцинството од вооружените сили се вмешани во обидот за пуч, но додаде дека се уште не е јасно колку луѓе точно учествувале.

– Јасно е дека станува збор за мала вооружена сила. Терористичката организацијата се обидела да го изведе тоа да малцинството доминира над мнозинството, рече Ердоган

Тој напомена дека постои можност двата турски пилота, кои го соборија рускиот авион Су-24 во ноември 2015 година да бидат поврзани со тајната организација на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, а кого Ердоган го обвинува за вмешаност во пучот.

Ердоган истакна дека двајцата пилоти, кои минатата година го собориле рускиот борбен авион се уапсени по пучот, дека веројатно судството ги пронашло и дека од тие причини се приведени.

– Можеби и тие имаат врска со Пенсилванија. Секако судството ќе стори се за да ги испита. Тие можеби имаат врска со таа група. Меѓутоа немаме јасни докази дека тоа е поврзано со инцидентот со рускиот авион, додаде Ердоган.

Турскиот претседател исто така напомена дека е можно некои земји да се вмешани во обидот

Ердоган строго појасни дека нацијата му е во состојба сама да ја одредува својата судбина и има моќ да ја застапува, и  прогласената  вонредна состојба е единствено поради терористичката закана.

  Ердоган ја прогласи  вонредната состојба за период од 3 месеци, меѓутоа нема да го спречи демнењето  по плоштадите под логото “бранители  на демократијата”, а според него нивните имиња треба да се запишат со златни букви во историјата.

Слични содржини