Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека очекува конкретни чекори од своите сојузници кога станува збор за поддршката на Турција во борбата против тероризмот, два дена по бомбашкиот напад во Анкара.

„Сакаме да видиме конкретни пријатели, покрај пораките за осуда. Тие треба да знаат дека тие изјави за осуда на тероризмот нема да ни ги залечат раните“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Турската полиција претходно денеска објави дека уапсила 928 лица ширум земјата осомничени за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а за време на операцијата се запленети повеќе од 840 парчиња оружје.

Слични содржини