Ескобар: Вртењето на грбот на договорот значи да ѝ свртите грб на Европа, со сите последици

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ јасно укажал дека вртењето грб на договорот значи вртење грб на Европа, со сите последици во однос на неуспехот на понатамошни интеграции и поблиска соработка со Европа, што, како што беше истакнато, сама по себе е сериозна последица.

„Пред се, мора веднаш да ги смириме тензиите, што значи дека се надеваме дека градоначалниците нема да се обидат да ги користат тие општински згради и дека косовската полиција ќе се повлече од зградите, но и дека српските демонстранти ќе ги напуштат тие локации. И ако има нови избори, а кога ќе дојде до нив, Србите треба да учествуваат на нив без никакви предуслови“, рече Ескобар.

Тој посочи дека претседателот Вучиќ рекол дека ќе направи се за да го искористи своето влијание Србите повторно да учествуваат на изборите на северот на Косово.

Слични содржини