ЕУ: Косово отстапи од заедничкиот став за Ерусалим

од Stefanija Kuzmanovska

Одлуката на властите во Приштина да не се согласат со ставот на ЕУ во врска со прашањето за Ерусалим и да отворат амбасада во Израел во тој град претставува сериозна загриженост и жалење за ЕУ, беше кажано за „Танјуг“ денес во Брисел.

„Косово ја идентификуваше интеграцијата во ЕУ како свој стратешки приоритет и се очекува да дејствува во согласност со оваа заложба. Позицијата на ЕУ е добро позната: во согласност со резолуцијата 478 на Советот за безбедност на ОН од 1980 година, која ги повика сите членки на ОН да ги повлечат своите дипломатски мисиите во Израел од Ерусалим, сите амбасади на земјите членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив“, рече портпаролот на ЕУ во изјавата за „Танјуг“.

Во Брисел повторуваат дека позицијата на ЕУ во однос на Ерусалим е „непроменета и јасна“, а тоа е дека преговорите мора да најдат начин да се реши статусот на тој град, што и Израел и Палестина го сметаат за главен град.

„Во овој контекст, сите дипломатски чекори што можат да го доведат во прашање заедничкиот став на ЕУ за Ерусалим претставуваат сериозна загриженост и жалење“, заклучи ЕУ.

Слични содржини