Европол: Уапсени 62 шверцери на мигранти, ги пренесувале луѓето и преку Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Во заедничка акција на Европол и полицијата и другите служби на Северна Македонија, Србија, Германија, Грција и Шпанија, уапсени се 62 шверцери на мигранти, кои шверцувале мигранти од Куба во Европската унија.

Како што информираат од Европол, акцијата била спроведена во јуни годинава, а во истрагата координирана од Европол и Интерпол, било утврдено дека 25 од 62 уапсени се кубански државјани и дека организирале патувања, премини и лажни документи за мигранти за уплати од 9.000 евра.

Мигрантите летале од Куба за Србија, меѓу кои во тоа време не беа потребни визи, по што преку Северна Македонија биле префрлени во Грција, од каде што летале за Шпанија.

Слични содржини