Европската агенција за лекови: Вакцината против коронавирус најрано во 2021 година

од Nikola Popovski

Вакцината против коронавирус може да биде одобрена за околу една година, според „најоптимистичкото“ сценарио, објави во четвртокот Европската агенција за лекови (ЕМА).

Агенцијата прави сé што може за да го забрза процесот на одобрување на вакцините, работејќи со 33 тимови за развојот, изјави шефот на одделот за вакцини на ЕМА, Марко Кавалери, додавајќи дека е скептичен во тврдењата дека вакцината може да биде достапна во септември.

Оптимистички предвидувања

„Бидејќи развојот на вакцината започнува од нула, можеме да го гледаме од оптимистички агол за година дена, односно на почетокот на 2021 година“, им рече тој на новинарите, пренесува Хина.

Тој ја отфрлил можноста за изоставување на третата фаза од тестирањето на вакцината, бидејќи, како што рече, е неопходно за вакцината да биде безбедна и ефикасна.

ЕМА разгледува 115 терапии или лекови против коронавирусот, кој однесе речиси 300.000 животи низ целиот свет, според Светската здравствена организација.

Кавалери смета дека некои од лековите може да бидат одобрени уште ова лето, но не прецизираше кои.

Слични содржини