Европската интеграција на С.Македонија и Албанија е заложник на Бугарија , вели Ковачевски

од Берта Китинска

Нашата европска интеграција, зборувам за Северна Македонија и за Албанија, е заложник на Бугарија. Таа наша европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат, рече премиерот Димитар Ковачевски кој учествуваше на самитот Македонија 2025.

-Според мене, тоа е погрешно бидејќи кога се зборува за историја не се ветува ништо туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборувањето за теми што ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори, рече премиерот.

Слични содржини