Фатен на радар како „лета“ со 222 километри на час!

од Nikola Popovski

Полициски службеници при своите редовни контроли, на ноќен радар регистрирале возило кое се движело со високи 222 километри на час. Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден (09.07) спровеле засилена акциска контрола на територијатата на државата, при што санкционирани се 796 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 402 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 394 надвор од населено место.

Слични содржини