Ферари го привлече помладиот брат на Леклер

од Aleksandar Petrovski

Тимот на Ферари го привлече Артур Леклер, помладиот брат на пилотот во Формула 1, Шарл Леклер. 19-годишниот конкурент веќе е дел од пилотската академија на „Скудерија“ и ќе се натпреварува за силниот тим на Према во 2020 година во регионални и европски првенства.

– Чест ми е да објавам дека ќе се приклучам на пилотската академија на Ферари. Благодарен сум за поддршката и довербата во мене. Јас со нетрпение очекувам сезоната да почне. Према е еден од најдобрите тимови во подготвителните серии, рече младиот Артур.

Неговиот брат, Шарл, стана првиот пилот што од академијата успеа да си освои место во тимот од Маранело.

Слични содржини