Филипче: Ние ќе бидеме една од ретките земји која ќе обезбеди значајна количина вакцини

од Берта Китинска

Ние  ќе бидеме една од ретките земји која ќе обезбеди значајна количина вакцини за сериозен процент од населението, изјави денска министерото за здравство Венко Филипче.

-Една Австрија добила само 23.000 вакцини, така да во таа смисла согласно нашите најави кои беа за март, ние поместивме за февруари. Со оваа количина мислам дека за таков старт е сосема доволна и за сите здравствени работници и најризичните граѓани, рече Филипче.

На прашањето зошто досега немаме побарано од руската вакцина, Филипче рече дека нашата земја е отворена и за таа опција .

-Во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, прво за да видиме како ќе тече процесот на вакцинацијата.изјави Филипче.

На прес-конференцијата беше објаснето дека оние граѓани кои нема да сакаат да примат одредена вакцина во закажаниот термин , ќе може да се откажат од вакцинирањето и да закажат повторно вакцинирање.

Слични содржини